logoСтопанска интересна заедница на заштитни друштва на Македонија ЗАПОВИМ - Скопје или скратен назив: Заедница на заштитни друштва на Македонија ЗАПОВИМ - Скопје согласно Законот за вработување на инвалидни лица и Законот за трговски друштва е асоцијација основана од заштитните друштва заради остварување на заеднички цели и задачи во унапредување на вработувањето на инвалидни лица во заштитните друштва.

Заедницата е формирана 1972-ра година од страна на тогашните заштитни работилници и како се менуваше организациониот облик на овие фирми, така се менуваше и Заедницата, а од 2000 година делува во сегашната форма на организирање.

Членки на Заедницата се фирми кои согласно Законот имаат статус на заштитно друштво и кои во неа ги остваруваат заедничките интереси. Заедницата ги врши и работите за инвалидните лица кога самостојно вршат дејност како трговец поединец, како и за останатите субјекти кои имаат вработено инвалидни лица.

Делувањето на Заедницата е во рамките определени со Законот за вработување на инвалидни лица, Правилникот за критериумите и начинот на доделувањето на неповратни средства од Посебниот фонд за подобрување на условите за вработување и работење на инвалидните лица, Правилникот за составот на Комисијата и начинот на донесување на Наод и мислење за определување на работи кои може да ги извршува инвалидното лице на соодветно работно место, Упатството за начинот на пресметка и исплата на плати и поврат на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во заштитни друштва, инвалидните лица кога самостојно вршат дејност како трговци поединци и други работодавачи кои имаат вработено инвалидно лице, Договорот за основање на Заедницата и други прописи.

Заради поголема достапност на погоре наведените прописи, истите се објавени на нашата Веб страна, а за нивна полесна применливост се изготвени повеќе обрасци и упатства кои може непосредно да се користат од страна на нашите членки, односно од сите заинтересирани субјекти.

За поцелосни информации сите заинтересирани можат да се јават или да дојдат во Заедницата каде ќе добијат непосредна помош и дополнителни појаснувања.